Ајнтрахт „гази“ во низа, Лигата на шампиони на дофат

Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 3-0 го совлада Штутгарт во мечот од 27-то коло во Бундеслигата. Фудбалерите на Ади Хутер ја забележаа петтата последователна победа, па на седум кола до крајот од шампионатот се сместија на четвртата позиција на табелата, која им носи квалификации за Лигата на шампионите.

Домаќините победија благодарение на српското дуо Филип Костиќ – Лука Јовиќ, два гола беа дело на Костиќ (45‘, 64‘), додека талентираниот голгетер во 84-тата минута ги реши сите дилеми од оваа средба.

Ајнтрахт со 49 бода сега е на четвртото место, имаат два бода повеќе од Менхенгладбах, додека Штутгарт остана на 16-тото место со 20 бода.

- Оглас -

Најнови вести