Ако ги соберете Роналдо, Мбапе, Мане, Иниеста и Салах во едно ќе го добиете Лионел Меси

Некогашниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Рун ван Нистелрој го посочи Лионел Меси како најдобар фудбалер во светот и според Холанѓанецот, капитенот на Барселона без сомнение треба да ја освои „Златната топка“. Ван Нистелрој имаше и една интересна споредба кога се работи за квалитетите на Меси.

„Ако ги соберете Роналдо, Мбапе, Мане, Иниеста и Салах во едно ќе го добиете Лионел Меси. Некои дури се и многу далеку од квалитетите на Меси. Кристијано знае да постигнува голови, Иниеста е мозок во екипата, Салах, Мане и Азар се одлични фудбалери, но Меси е сѐ тоа во едно. Нема друг играч кој игра на тоа ниво – неговата игра е како да е на Плејстејшн.“, објаснува Ван Нистелрој.

 

- Оглас -

Најнови вести