Ако Македонија игра на ЕП 2020, веќе се знае во кои групи може да се најде

Македонската фудбалска репрезентација направи историски пласман со освојување на третото место во квалификациите за ЕП 2020, но тоа не беше доволно да се избори место на завршницата. Сепак, Македонија уште има шанси за место на континенталниот собир, и тоа преку баражот во Лигата на нациите.

Македонија во март следната година, во полуфиналето ќе игра против Косово, а доколку победи, ќе игра во финале од плејофот за пласман на завршниот турнир. Следното ЕП ќе биде посебно бидејќи ќе биде прво кое ќе се организира во 13 различни земји по повод 60 години од првиот континентален собир.

Иако уште не се познати сите 24 учесници и не е направена ждрепката, веќе е познато која селекција во која група може да се падне на ЕП. Калкулациите велат дека победникот од Сегментот Д во плејфот од Лигата на нациите, каде што е Македнија, никако не може да се најде во А, Б и Е групата за ЕП 2020.

Доколку Македонија биде дел од ЕП, на ждрепката може да се најде во Групата Ц, Д и Ф. На турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во шест групи со по четири селекции. Ждрепката е закажана за 30 ноември, а веќе се познати три селекции кои ќе бидат во групата Б.

- Оглас -

Најнови вести