Екипата на Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години, откако вечерва во финалето во Лозана на пенали го победи Клуб Бриж.

Во регуларните 90 минути беше 1-1 (Реал поведе со убав гол со пета) , и се прејде на изведување пенали. Јунак на Реал е голманот Хави Наваро кој одбрани два удари од белата точка на младите Белгијци, а од Кралскиот клуб сите четорица кои шутнаа, постигнаа гол.
Реал Мадрид и во 2020 беше европски првак во јуниорска конкуренција, ова му е втора титула. Рекордер е Барселона со три трофеи во јунниорската ЛШ, а две титули освен Реал има и Челзи.

