Ако мора на Сицилија, подобро Италија – Македонија да се игра во Таормина, на најнеобичниот стадион

Италијанците одлучија бараж мечот помеѓу Аѕурите и Македонија да се игра во Палермо на Сицилија, а на овој голем остров има еден стадион кој е меѓу најнеобичните на светот.

На 250-тина километри од Палермо, во гратчето Таормина, има стадион над кој се движат затворени гондоли од жичарница.

На овој стадион со само 600 седишта, игра италијански шестолигаш, а најинтересно е што за едната трибина, местата се на балкони од околните куќи, па билет треба да платите кај газдите на тие куќи. Соблекувалните се во една викендичка покрај стадионот.

- Оглас -

Најнови вести