Ако не го респектираш противникот, ќе си останеш без шампионски појас (видео)

Финалната борба се случи пред три дена, а Сем Максвел во тешката и долга битка го победи Французинот Сабри Седири по 10 рунди, и тоа со нокаут на 10 секунди пред крајот од мечот. Британецот на неверојатен начин стигна до европската титула во лесна категорија, а воедно го подучи противникот дека во спортот мора да се има респект кон секој противник, во секаква ситуација.

Максвел во текот на борбата во два наврати успеа да се спаси од нокаут, така што францускиот боксер водеше со вкупен збир на поени и требаше да ги дочека последните дваесетина секунди од 10-тата рунда за да биде победник. Меѓутоа, Седири одлучи да се мајтапи со Максвел, па вртеше кругови во рингот и притоа со спуштен гард. Во обид да провоцира, Седири доби нокаут на 10 секунди до крајот и практично му ја подари титулата на Максвел.

„Вакви камбекови како мал гледав на телевизија, неверојатно е како стигнав до победата. Сабри практично ми дозволи да дојдам до точен удар, ми остави многу простор и си помислив: Ова е моментот, замавнав најсилно што можам и тој падна“, истакна Максвел по мечот.

- Оглас -

Најнови вести