Ако не ја победиме Австрија, не ни заслужуваме полуфинале на ЕП

Нема одмор на Европското првенство во ракомет, денеска почнува втората фаза на шампионатот, а на програмата се и два меча кои ќе покажат колку тимовите што ја совладаа македонската репрезентација во Виена, може да се носат со врвни противници. Чешка игра со Шпанија, а Австрија со Хрватска.

Патот до полуфиналето за никого нема да биде лесен, но Горан Шпрем вели дека Хрватска е фаворит против Австрија, иако противникот е опасен со тоа што игра на свој терен.

„Домашниот терен е нивната главна предност, покажаа дека знаат да го искористат тоа. Треба да одиграме паметно и квалитетно. Ако ги победиме ќе биде супер, бидејќи ни се директен ривал, и тие пренесоа бодови во втората фаза. Австрија има добри бекови, голманот им е во форма, но ако загубиме од Австрија, не ни заслужуваме да бидеме во полуфиналето. Тоа е мојот став“ – рече Шпрем.

- Оглас -

Најнови вести