После првите мечеви од осминафиналето во Лигата на шампионите, проекциите на суперкомпјутерот најавуваат многу интересни четвртфинални двојки.
Во вторник и среда се реваншите на осумте осминафиналиња.
Во четвртфиналето би требало да играат: Реал Мадрид – Баерн Минхен (европска класика на два гиганти), ПСЖ – Ливерпул (и минатата сезона играа еден против друг, тогаш во осминафиналето изненадувачки триумфираа Французите), Атлетико Мадрид – Барселона (неодамна имаа интересна пресметка во Купот на Шпанија од која како севкупен победник излезе Атлетико) и Бодо/Глимт – Арсенал (Бодо пак би бил аутсајдер, но тимот кој меѓу другите ги победи и Манчестер сити и Интер, ќе има што да каже).

