Ако премногу се здебели, ќе загуби многу пари од договорот

Зион Вилијамсон беше кошаркарот кој во 2019 година беше избран за прв пик на драфтот во НБА. Њу Орлеанс со него потпиша максимален договор од пет години вреден 193 милиони долари. Овој договор може да стигне и до 231 милион во зависност од тоа дали Вилијамсон ќе биде избран во некој од идеалните тимови во НБА.

Сепак, според клаузулта, силното крило на Њу Орлеанс може да добие и помала плата, и тоа ако премногу се здебели. Пред почетокот на минатата сезона, во септември, Зион на подготовките се појавил здебелен. На мерењето тежел 140 килограми, што секако е премногу за неговата висина од 198 сантиметри.

Во изминативе три сезони, поради честите повреди, Вилијамсон одигра само 85 меча во НБА, а има одличен просек од 25,7 поени, 7,2 скока и 3,7 асистенции по меч.

Доколку на подготовките во пресрет на новата сезона Вилијамсон биде тежок над 134 килограми, ќе добие казна и намалување на платата. Тоа значи дека ќе мора да внимава да не ја повтори ланската грешка, па затоа кошаркарот ангажирал личен тренер и готвач кој ќе му прави специјални јадења.

- Оглас -

Најнови вести