Сити мора да ја продолжи традицијата на успеси против Евертон

1009 Челзи – Нотингам форест (16.00 часот)

Овој меч е незгоден за предвидување бидејќи Челзи се бори за излез во Европа, додека намерата на Форест е да опстане во Премиер лигата и да ја освои Лига Европа. Сините од Лондон се во слободен пад, имаат неверојатни пет порази по ред, шест би биле премногу и нов срам. Од друга страна, Шумарите имаат осум кола по ред без пораз, па според формата, тие се во предност. Челзи уште од 31-ви јануари нема премиерлигашка победа на „Стемфорд бриџ“, а дома во Премиер лигата 28 години не го победиле Нотингам. Есеноска Челзи го победи Форест со 3-0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

3738 Кремонезе – Лацио (18.30 часот)

Домашните се борат за опстанок, имаат четири бода помалку од Лече и ако не победат, веројатно ќе мора да се преселат во Серија Б. Лацио веќе нема шанси за излез во Европа, и мотивите ќе им бидат помали отколку на домашниот тим. Кремонезе дома има само две победи сезонава и тоа е причина зошто се во опасната зона на табелата. Во декември кога овие два тима се сретнаа во Рим, немаше голови. Лацијалите 30 години не загубиле во Кремона.

Предлог тип:& 0-3 (2.00)

 

1246 Хартс – Ренџерс (18.30 часот)

Пресметката на овие два тима може да биде една од клучните околу титулата во Шкотска. Ако победи Хартс, ќе има три бода пред Селтик на три кола до крај и ќе го отпише Ренџерс од трката. Но, ако слават гостите од Глазгов во чии редови е Бојан Миовски, тогаш ќе имаа мртва трка за титулата бидејќи три кандидати би биле во само еден бод разлика. Срцатаа дома немаат ниеден пораз и тоа е лоша вест за Ренџерс кој пак има само еден пораз на гостински терен. Во деемв ри кога овие два тима играа меѓусебе во Единбург, беше 2-1 за Хартс.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.87)

 

1010 Евертон – Манчестер сити (21.00 часот)

Евертон во овој дуел влегува со мини-серија од два порази по ред, а уште еден пораз веројатно ќе го отпише од трка за местата кои водат во Европа. Сити се бори за титулата и мора да победи, за да дојде на три бода минус зад Арсенал со меч помалку. Граѓаните се фаворити, а Евертон има серија од седум меча на кои паѓаа барем два гола. Последните два меѓусебни дуели на овие тимови завршуваа со 2-0 за Сити. Евертон дури девет години нема победа над составот на Гвардиола.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.35)

 

1310 Севилја – Реал Сосиедад (21.00 часот)

Некогаш силната Севилја која сееше страв,  сега е во зоната на испаѓање и нема друг избор вечерва освен освојување на бод или по можност сите три. Севилја заедно со Леванте се тимови со најлоша одбрана во Ла Лига. Сосиедад има девет бодови повеќе, а тој тим својата работа ја заврши со освојување трофеј во Купот на Шпанија и веќе немаат амбиции во лигата. Сосиедад даваше барем по два гола на шест од своите последни седум гостувања кај Севилја.

Предлог тип:& ГГ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести