9.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Ако продолжи кризата во Ливерпул, наследникот на Слот ќе дојде на предлог на Јирген Клоп?!

Ливерпул ја почна сезоната со пораз од Кристал палас во финалето на англискиот Комјунити шилд, но потоа следуваа седум победи по ред во сите натпреварувања. Кризата во редовите на Црвените започна кон крајот на септември, кога повторно загубија од Кристал палас, овојпат во меч од Премиер лигата.

Оттогаш Црвените наредија осум порази, од кои шест се во Премиер лигата, а по еден во Лига купот (повторно од Кристал палас) и Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион на Англија веќе има неверојатни 11 поени заостанување зад Арсенал, па на „Енфилд роуд“ веќе се размислува и за смена на Арне Слот. Со свој предлог за нов тренер се јавил и Јирген Клоп, легендарниот Германец кој со успех ги водеше Црвените.

Предлогот на Клоп за нов тренер е неговиот сонародник Јулијан Нагелсман. Според информациите на медиумите од Островот, Ливерпул веќе остварил контакти со селекторот на Германија, а информациите се дека Нагелсман нема намера да си замине пред Светското првенство, па останува отворено прашањето дали тој би седнал на клупата на Црвените од наредната сезона, односно по завршувањето на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести