Соединетите Американски Држави заедно со Израел веќе неколку дена го напаѓаат Иран. Во тие напади беше убиен и врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Потоа, Иран започна одмаздувачки контра напади врз американските и израелски бази во регионот.
Нападите направија хаос, а нема позитивна прогноза дека ситуацијата може да се смири. САД и Иран практично се во војна, а за точно 100 дена ќе започне Светското фудбалско првенство на кое кодомаќин е САД, а учесник е Иран.
Според ждрепката, Иран е во група со Белгија, Египет и Нов Зеланд, но започнаа шпекулации дека иранската репрезентација ќе сака да го бојкотира првенството. Доколку Иран реши да се повлече од Мундијалот, како најсериозни кандидат да влезат како замена се Обединети Арапски Емирати или Ирак.
Правилата за бојкот на ФИФА наведуваат дека управното тело на светскиот фудбал „ќе одлучи за ова прашање по сопствено дискреционо право и ќе преземе какви било мерки што ги смета за неопходни“.
Според Асошиејтед Прес, повлекувањето на Иран од Светското првенство би резултирало со парична казна, како и значителна загуба на пари.
Имено, тие би морале да изгубат најмалку 10,5 милиони долари од награден фонд. Девет милиони долари од награден фонд се само за учесто на Мундијалот, а дополнителни 1,5 милиони долари следуваат за „трошоци за подготовка“.
Освен тоа што не би ги добиле овие средства, Иран би добил и казна од ФИФА и тоа 321.000 долари казна ако Иран се повлече на помалку од 30 дена пред турнирот. Таа казна се дуплира на 642.000 долари ако одлуката е донесена повеќе од 30 дена пред почетокот на Светското првенство.

