По завршување на репрезентативните обврски, фудбалерите од денеска се враќаат во своите клубови. Од сите оние коишто беа со своите селекции, посебно внимание оставија играчите кои го носат дресот на Челзи. Можеби звучи неверојатно, но дури осуммина фудбалери на Челзи во изминативе неколку дена се радуваа на вкупно 14 погодоци на своите национални селекции, а првиот голман Менди во две средби не прими ниту еден погодок.
Мејсон Моунт синоќа погоди за Англија во победата од 4:0 против Исланд. Н’голо Канте го даде победничкиот гол за Франција против Португалија со кој Галските петли го обезбедија првото место во групата, а два гола постигна и Оливие Жиру, но во дуелот против Шведска (победа од 4:2).
Најрасположен за голови беше Хаким Зијех кој трипати ја тресеше мрежата во двата дуели на Мароко против Средноафриканската Република (победи од 4:1 и 2:0). Тимо Вернер постигна два погодоци за Германија во победата над Украина (3:1). За младата репрезентација на Англија, Хадсон-Одои погоди по еднаш во триумфите над Албанија (5:0) и Андора (3:1).
Матео Ковачиќ даде два гола за Хрватска во поразот од Португалија 2:3, а Жоргињо погоди пенал за Италија и помогна Аѕурите да го освојат првото место во својата група од Лигата на нациите.
Освен офанзивна форма, добра е и дефанзивната линија на Челзи ако се знае дека голманот Менди не прими ниту еден гол во двата меча за Сенегал. Одличен беше и искусниот дефанзивец Тијаго Силва, кој со Бразил без да прими гол ги победи Уругвај (2:0) и Венецуела (1:0).
Ако се гледа учинокот на сите овие фудбалери на Челзи на репрезентативно ниво, реално е да се очекува дека лондонскиот тим има играчи кои се во врвна форма и тоа треба да го преточат на клупски план. Следен ривал на Челзи во Премиер лигата е Њукасл, и тоа на гостински терен, а уште сега може да се обложите во Sport Life.