Ако се следи традицијата на Македонија ЃП – Шкендија, најлесно е да се погоди квота од 4.45!

Првопласираните три екипи на табелата во Прва македонска фудбалска лига се во улога на фаворити и во 17. коло кое се игра денеска со почеток од 13 часот. Лидерот Струга Трим Лум треба да има најлесна задача и на свој терен да ги освои трите бод во дуелот со Академија Пандев.

Струга ТЛ сезонава на домашен терен во седум меча има шест победи и едно реми, а Академија Пандев сезонава веќе еднаш ја победија и тоа во Струмица со убедливи 3:0. Тоа е и единствениот меч меѓу овие два клуба на кои имало повеќе од два гола затоа што на претходните осум средби вкупно биле постигнати само девет погодоци и секогаш резултатот бил со максимум два гола. Квотата за 0-2 на овој меч е одлична.

Шкендија гостува кај Македонија Ѓорче Петров, а според традицијата ова треба да биде средба со повеќе погодоци. На последните девет дуели на овие два клуба имало дури 33 погодоци, односно 3,66 по меч. Во овои период, дури пет пати било 4+, а сега да се повтори истото носи квота од 4.45.

- Оглас -

Најнови вести