Евра: „Во мојот најдобар период, ќе го изедев Јамал жив, прашајте ги Кристијано и Меси.“

Поранешниот бек на Манчестер јунајтед и националниот тим на Франција, Патрис Евра, изјави дека крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, нема би имал никакви шанси против него ако се сретнеле во времето кога Евра беше во топ форма.

„Јас во својот најдобар период против Јамал? Би го изел жив. Жал ми е, Ламин. Те сакам, но прашајте го Кристијано, прашајте го Меси, прашајте ги другите играчи кога играле против мене. Јас не сум добар пријател“, си се пофали Евра.

Евра има една титула во Лигата на шампионите, петкратен шампион на Англија со Манчестер јунајтед, како и двократен шампион на Италија со Јувентус. Но, тој е и рекордер по бројот на загубени финалиња во ЛШ, со четири загубени финалиња, а имаше и ситуации кога Роналдо и Меси го понижуваа.

- Оглас -

Најнови вести