Ако се следи традицијата, се добива еден супер коефициент за дуелот од македонско првенство

Новото коло од Прва фудбалска лига започнува попладнево со дуелот Македонија Ѓорче Петров и Брера од Струмица. Ова е дуел на кој домашниот терен треба да биде од голема корист за тимот од Ѓорче Петров, затоа што сезонава Македонија ЃП е еден тим кога игра на свој терен, а сосема друг кога е на гости.

Во трите меча пред своја публика Македонија има две победи и реми и освои седум бода и тоа без примен гол (гол-разлика 4:0), додека кога гостува има само еден бод од пет дуели.

Струмичани на гостински терен играат затворено, па на трите досегашни дуели имаат гол-разлика 2:3. Најчесто Брера се обидува преку контра напади да го загрози противникот кога не игра во Струмица.

Дури и кога ќе се погледне традицијата во меѓусебните дуели на Македонија ЃП и Брера, најавата е дека нема да има многу погодоци. Сите пет последни меѓусеби средби завршиле со максимум еден погодок. Македонија ЃП е многу поуспешна во меѓусебните дуели, па од последните седум одиграни меча има четири победи, две нерешени и само еден пораз од Брера.  Да продолжи традицијата а тоа е да не загуби Македонија ЃП во меч на кој ќе нема повеќе од еден гол, во Sport Life има одличен коефициент од 3.40 за комбинација 1Х&0-1.

- Оглас -

Најнови вести