Ако се суди според квалификациите, утрешната Ф1 трка во Канада не смее да се пропушти

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата на квалификациите во Канада, но вистинска сензација приреди Фернандо Алонсо кој и со послаб болид на Алпајн, покажа дека е класа пилот и го освои второто место на патеката која беше влажна од дождот.

Од вториот ред на утрешната трка ќе тргнат Карлос Саинс и Луис Хамилтон. Голем губитник беше Серхио Перес, кој излета од патеката, а Шарл Леклер не ни возеше во последните сесии, бидејќи и онака поради промената на моторот, ќе тргне последен, без разлика што ќе направеше на квалификациите.

Доколку врне и утре, или ако има промени на времето па патеката се суши и не е целосно влажна, ќе има возбудлива трка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести