Ако вака слават навивачите на Ковентри, замислете како ќе биде кога Ливерпул ќе ја освои титулата (Видео)

Поради пандемијата од корона-вирусот, вчера беше одлучено да се стави крај на Лига 1 и Лига 2 во Англија, кои се третата и четвртата лига по квалитет во земјата. Одлуката беше екипите кои се на челните позиции да обезбедат пласман во повисок ранг.

До прекинот на првенствата, Ковентри беше лидер во Лига 1 и сосема заслужено како шампион оди еден ранг погоре, односно во Шампионат лигата. Навивачите на Ковентри со голема радост ја прифатија веста дека нивниот омилен тим следната сезона ќе игра во поквалитетен ранг и не одолеаја да не прослават.

Иако има забрана за собир на навивачи, фановите на Ковентри си направија прослава. Во очекување на рестартирањето на мечевите во Премиер лигата и официјалното освојување на пехарот на Ливерпул, може само да замислиме какво славење ќе има меѓу симпатизерите на гигантот од „Енфилд роуд“, кои цели 30 години чекаат титула во првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести