Ал-Хилал победи на 18-тиот натпревар по ред, Митровиќ погоди и на осмиот првенствен натпревар во низа (Видео)

Продолжува неверојатната серија на екипата на Ал-Хилал, која дојде до 18-тата победа во низа во сите натпреварувања, откако вечерва во првенството на Саудиска Арабија победи против Ал-Вехда со 2-0.

Интересно, вториот погодок на мечот беше дело на србинот Александар Митровиќ, кој успева да погоди на осмиот првенствен натпревар по ред. Со овој погодок Митровиќ дојде до бројка од 15 првенствени гола оваа сезона и има само еден помаку од Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести