Ал-Хилал со мегапонуда до Наполи за Виктор Осимен

Виктор Осимен на крајот од овој месец ќе мора да се врати во Наполи и повторно да биде нивни фудбалер, барем на хартија, со оглед на тоа дека му завршува позајмицата во Галатасарај.

Нигериецот имаше блескава сезона и за шампионот на Турција успеа да постигне 37 гола на 41 натпревар, а тоа го привлече вниманието на Ал-Хилал. Екипата од Саудиска Арабија и официјално испратила понуда до Наполи за купување на Осимен.

Вредноста на понудата е 65 милиони евра фиксно и дополнителни пет милиони евра во бонуси.

Наполи во 2020 година го купи Виктор Осимен од Лил за сум од 78,9 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести