Ал-Келаифи го одреди наследникот на Мбапе, откупната клаузула изнесува милијарда евра и го носи дресот на идниот клуб на Мбапе

ПСЖ конечно се помири со податокот дека налето ќе остане без најголемата ѕвезда Килијан Мбапе, кој ќе потпише за Реал Мадрид, и претседателот на Светците, Насер Ал-Келаифи, во летниот преоден планира да пазари токму на „Сантијаго Бернабеу“.

Според медиумите, прва цел на Ал-Келаифи налето ќе биде бразилскиот репрезентативец Родриго, кој би можело да биде вишок во нападот откако ќе пристигнат Мбапе и тинејџерската сензација Ендрик.

Ал-Келаифи преку спортскиот директор на ПСЖ, Луис Окампос, веќе го контактирал Родриго и наводно му порачал дека по секоја цена го сака на „Паркот на принцовите“ идната сезона.

Медиумите во Франција пишуваат дека иако откупната клаузула за Родриго изнесува милијарда евра, нема шанси некој клуб да ја плати оваа сума и ПСЖ е подготвен да понуди повеќе од 100 милиони евра за трансферот на Бразилецот.

- Оглас -

Најнови вести