Ал-Наср по двата порази во првите две кола во саудиската Про лига, врзаа три победи на кои постигнаа дури 14 гола.
Последниот триумф беше остварен на гостувањето кај Ал-Хазем со 1:5, а интересно е што двете најголеми ѕвезди на тимот, Кристијано Роналдо и Садио Мане, постигнаа само по еден гол.
Ал-Гареб на асистенција на Роналдо го отвори резултатот во 33-та минута, а во последните минути од првиот дел, Ал-Калибари ја зголеми предноста на Ал-Наср.
CRISTIANO RONALDO WHAT A GOAL! pic.twitter.com/cKRxG29gVn
— TC (@totalcristiano) September 2, 2023
Ал-Хазем преку Бадамоси намали на 1:2 на стартот од второто полувреме, но голот ги налути гостите кои до крајот постигнаа уште три гола. Прво Отавио зголеми на 1:3, а потоа во листата на стрелци се запишаа и Роналдо и Мане.
Големо изненадување приреди тимот на Ал-Фатех кој со 4:1 го совлада еден од фаворитите за титулата, Ал-Ахли за кого играат Ријад Марез, Едуард Менди, Франк Кеси, Сан-Максиман, Ибањез, Фирмињо.
Победа од 3:1 оствари и тимот кој го предводи Стивен Џерард, Ал-Етифак и тоа над Дамак.