Португалецот Луис Кастро е нов тренер на Ал-Наср и ќе се обиде да се оствари зацртаните цели на клубот за следната сезона. Тој доаѓа на местото на хрватот Динако Јеличиќ, кој беше само вршител на должноста откако отказ доби Руди Гарсија.
62-годишниот Кастро последниот ангажман го имаше на клупата на бразилскиот Ботафого, а има искуство од водење екипи и на Блискиот Исток. Тој пред две сезони беше предводник на Ал-Духаил во првенството на Катар.
Португалецот има освоено два трофеи. Во 2020-тата година го освои украинското првенство со Шахтјор Доњецк, додека во 2022-рата го освои купот на Катар.