На помалку од два месеци до стартот на Мундијалот, селекторот доби отказ

Селекторот на Саудиска Арабија Ерв Ренар доби отказ и тоа на помалку од два месеци до стартот на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Францускиот стратег сам објави дека е сменет од позицијата.

„Таков е фудбалот. Саудиска Арабија се квалификуваше на Светското првенство вкупно седум пати, а два пати тоа го направи со мене“, рече Ренар, кој очигледно беше разочаран од одлуката на челниците на Федерацијата.

Ренар ја предводеше репрезентацијата на Саудиска Арабија во периодот од 2019 до 2023 година, а потоа се врати повторно да биде предводник во 2024 година, кога Роберто Манчини доби отказ.

Францускиот стратег може да се пофали дека тој е последниот стратег кој водел една репрезентација што успеала да ја победи Аргентина со Лионел Меси на СП. Тоа се случи пред четири години во Катар кога Саудиска Арабија во првото коло победи со 2:1. Сепак, на крајот на тој Мундијал, Аргентина стигна до светската титула.

Ренар имаше договор со Саудиска Арабија до крајот на СП 2026, но сега си заминува, а останува малку време да се најде неговиот наследник.

- Оглас -

Најнови вести