26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Алашкерт испиша историја за ерменскиот фудбал

Алашкерт со триумфот од 3-2 во реваншот против Каират Алмати по 120 минути игра обезбеди двомеч против Глазгов Ренџерс во плејофот од Лигата на Европа.

Ова е историски успех за ерменскиот фудбал, бидејќи Алашкерт ќе се бори за пласман во групната фаза во второто по квалитет натпреварување на УЕФА, па и да загуби од шкотскиот првак, ќе игра во групната фаза на новото натпреварува, Лигата на конференции.

Никогаш претходно тим од Ерменија не остварил ваков успех, но актуелниот фудбалски шампион на оваа земја испиша историја благодарение на двојниот стрелец Ембало, како и Глишиќ кој го постигна победничкиот гол за 3-2 во 104-тата минута од дополнителните 30 минути.

- Оглас -

Најнови вести