Алавес победи 2:0, а ова им е рекордна домашна победа

Голот на Џони Родригес во 93 минута, му донесе победа на Алавес од 2:0 против Леванте, и ова е најубедлив домашен триумф за баскијците во оваа сезона. Досега тимот од Виторија имаше пет домашни триумфи, и сите беа минимални, со еден гол разлика. Првиот гол го постигна Лагуардија во 23 минута, а асистент беше Џони.

После пауза од пет кола, Алавес повторно победи и сега е шести на табелата. Алавес немаше дадено гол од 12 јануари, цели 332 минути, но овојпат даде два, доволно за 150-та победа во својата историја на 441 меча во Примера.

Енис Барди влезе во игра во 60 минута, и за половина час имаше доста прекини за Леванте, но Барди не успеа да асистира или да даде гол, па Леванте го претрпе десеттиот пораз сезонава.

 

- Оглас -

Најнови вести