Алба стравува: Не знам што ќе прави Барса кога Меси ќе се пензионира

По триумфот над Ливерпул со 3-0, Жорди Алба посочи дека е среќен што Барселона направи голем чекор кон пласман во големото финале од Лигата на шампионите. Сепак, тој смета дека работата уште не е завршена бидејќи преостануваат уште 90 минути кои треба да се одиграат на “Енфилд“ за шест дена.

Алба зборуваше и за неговиот соиграч, односно капитенот Лео Меси, со кого има одлична врска на теренот.

„Меси е уникатен, вчера уште еднаш потврди по не знам кој пат. Нема да се роди уште еден таков играч, а Барселона не знам што ќе прави кога тој ќе се пензионира. Знам само дека нема да најдат уште еден Меси, тој е еден и единствен, а ќе недостасува, многу ќе недостасува“, вели Алба, а потоа додаде: „Одигравме одличен меч, но не треба да заборавиме дека остануваат уште 90 минути. Среќни сме за победата, но во соблекувалната не се радувавме бидејќи знаеме дека уште не сме во финалето. Рано е за славење, ќе почекаме уште неколку дена“, заврши Шпанецот.

Реваншот на „Енфилд“ е закажан за шест дена, oдносно следниот вторник, со почеток во истиот термин, од 21 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести