Албанецот Ѓасула „доминираше“ против Хрватска и влезе во историјата на ЕП

Репрезентативецот на Албанија Клаус Ѓасула со својот ефект на натпреварот против Хрватска влезе во историјата на европските првенства. Тој во 76-тата минута си постигна автогол, со што ја донесе Хрватска во водство од 2-1, а во 95-тата минута погоди и во мрежата на Ливаковиќ за конечни 2-2 во Хамбург.

Последен пат еден ист фудбалер да си постигне автогол и гол на меч од Европско првенство се случило во далечната 1976 година, кога репрезентативецот на Чехословачка, Антон Ондруш, најпрво погоди во својата мрежа за водство на Холандија, а потоа и израмни на 1-1.

Сепак, подвигот на Ѓасула е единствен по една работа. Тој е единствениот фудбалер во историјата на европските првенства кој успеал да постигне и авготол и гол откако влегол како резерва, со оглед на тоа дека репрезентативецот на Албанија во игра влезе во 72-рата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести