Кристал палас води со 3-1 по првото полувреме на гостувањето кај Тотенхем, а на Палас му беше и поништен еден гол при 0-0,п поради милиметарски офсајд кој го измерија во ВАР-собата.
Исмаила Сар даде гол, но радоста му беше прекината од судиите. „Виновен“ за офсајдот беше неговиот нос.

Само една минута по овој поништен гол, Тотенхем поведе со 1-0. Сепак, по црвениот картон на Мики Ван де Вен во 38-мата минута, Палас набрзина даде три гола и води на полувреме со два гола предност.

