Албанија се промовира во нов член на Сегментот Б, Казахстан ќе игра плејаут за опстанок

Албанците забележаа голем успех со пласман во Сегментот Б во Лигата на нациите по победата од 3:2 вечерва против Белорусија.

Во директен дуел, што одлучуваше за првото место во четвртата група во Тирана, домаќините беа подобри и со 11 бода, еден повеќе од Белорусија, се на врвот и ќе се преселат во повисок ранг на натпревари во Лигата на нациите.

Сокол Цикалеши со два гола во првото полувреме најави сигурна победа на Албанија, а Белорусите намалија на 2:1 со погодокот на Скавиш во 35-тата минута.

На гостите им беше доволно и реми, но не успеаја, а голема работа за Албанија заврши Манај со трет погодок во 44-тата минута.

Ебонг успеа да ја врати надежта на Белорусите за реми со гол во 80-тата минута, но во нервозна завршница резултатот остана 3:2 за Албанија.

Казахстан ќе мора да игра плејаут за опстанок во Сегментот Ц по поразот дома од Литванија со 1:2. Литванците се спасија од испаѓање, а Казахстанците ќе разигруваат за да го задржат статусот во третиот по ранг Сегмент во второто издание на Лигата на нациите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести