Албанската федерација се нуди да биде домаќин на мечот Англија – Исланд

Фудбалската федерација на Албанија сака да им излезе во пресрет на Англија и на Исланд и да биде домаќин на нивниот дуел од Лигата на нациите, кој треба да се одигра на 18 ноември.

Натпреварот е планиран да се одигра на „Вембли“ во Лондон, но сега е ставен под знак прашалник откако Велика Британија ги засили мерките за патници од Данска. Националниот состав на Исланд токму од Копенхаген, по средбата против Данците, треба да отпатува за главниот град на Англија, но за да добие дозвола за влез во земјата, треба цела репрезентација да биде ставена во карантин.

Додека фудбалската асоцијација на Англија е во преговори со Владата да се направи исклучок, Албанците испратија понуда до нив да бидат домаќини за предвидената средба против Исланд.

- Оглас -

Најнови вести