Албанците повторно прават скандали со непристојно скандирање (Видео)

Фудбалерите на Борац Бања Лука гостуваат во Елбасан на реванш-меч од првото квалификациско коло против тимот на Егнатија. На почетокот на мечот, до трибините се скандираше „Уби Србин“, па гостинските играчи бараа од судијата да го прекине натпреварот.

Официјалниот спикер побара навивачите пристојно да навиваат, па мечот продолжи, а веднаш потоа домашниот тим поведе со 1:0.

Гостите израмнија во 30-тата минута на 1:1.

Првиот меч во Бања Лука заврши со победа на домашниот тим од 1:0, а и тогаш имаше прекин на дуелот кога гостите од Албанија се жалеа на навивањето и истакатите знамиња од страна на домашните фанови. Најголем дел од паролите беа дека „Косово е српска територија“.

- Оглас -

Најнови вести