Алберто Џилардино „заплива“ во тренерските води

Малку кој памети дека Алберто Џилардино во септември минатата година ја заврши фудбалската кариера, а веднаш доби прилика да го изучува тренерскиот занает. Не му требаше долго време да чека за да добие шанса да се најде во улога на предводник.

Имено, Џилардино од асистент, стана прв тренер на четвртолигашот Реѕато, а го заменува Лука Прина. Освојувачот на Мундијалот во 2006 година ќе се обиде да испише историја со овој клуб, да обезбеди пласман во третата италијанска лига, Серија Ц.

Реѕато никогаш во историјата не успеал да игра во третиот по квалитет италијански шампионат, а моментално е на петтата позиција, место кое гарантира плејоф за повисок ранг.

- Оглас -

Најнови вести