Алегри ѝ даде „двојка“ на Рома, чека да се ослободи кралското столче

Рома ќе извиси во обидот да го ангажира Максимилијано Алегри за нов тренер кој требаше да ја преземе екипата од следната сезона.

Италијанскиот стратег наводно се откажал од преддоговорот со Римската волчица и чека повик од Мадрид да го преземе кормилото на Кралевите.

По вчерашниот кикс на Реал против Леванте на домашен терен за кој и Енис Барди беше „виновен“, се врши притисок врз Зинедин Зидан дека би можел да биде разрешен од тренерската позиција, а Алегри е прв кандидат да го наследи.

Шпанскиот првак го претрпе четвртиот пораз сезонава во првенството и доколку Атлетико попладнево слави против Кадис, бодовната разлика меѓу мадридските ривали ќе биде 10 и затоа Зидан ја губи довербата од управата.

- Оглас -

Најнови вести