Алегри: Им честитам на Интер и на судијата Валери!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по поразот од Интер во финалето на Купот на Италија, одржа интересна прес-конференција.

„Мораме да им честитаме на Интер и на судијата кој отсуди добар натпревар. Игравме добро, но малку попуштивме во последните 15 минути, имавме заморени играчи. Не освоивме ништо, следната сезона мора да се потсетуваме на овие порази и да ги користиме како мотивација“, изјави Алегри, кој беше исклучен во 103-тата минута.

„Еден играч на Интер помина покрај мене и ми застана на нога, се налутив, а судијата ме исфрли. Паоло Валери судеше многу добро, иако не се сеќавам зошто ме предупреди за нешто на почетокот“, објасни Алегри, кој им се заблагодари на играчите што обезбедиле пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести