34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Алегри: Интер е фаворит за титулата, погледнете каков распоред имаат до крај

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри беше разочаран по поразот во дербито од Интер, но не сакаше да зборува околу одлуките на судиите, Нераѕурите два пати да шутираат пенал. Токму голот на Калханоглу од пенал беше решавачки за триумфот на Интер од 1:0. 

„Конечно луѓето може да речат дека Јувентус е надвор од трката за Скудетото! Ќе избегнам да ги зборувам работите кои нема да ни помогнат сега. Ќе кажам дека сум задоволен од тоа како одигра мојот тим. Имавме многу шутеви кон противничкиот гол и затоа сум разочаран поради поразот. Тимот напредува и тоа е добро, но сепак сега треба да се фокусираме на задржување на четвртото место на табелата и во следната сезона да влеземе многу посилни“, рече Алегри.

Кога се работи за трката за титулата, Алегри вели дека Интер е во фаворитска улога во однос на Милан и Наполи. „Кога ќе го видите рспоредот што екипите го имаат до крајот на првенството, ќе знаете дека Интер е фаворит. За нив ова беше многу важна победа. Сега нивната самодоверба е на многу повисоко ниво и тие дефинитивно се фаворити за титулата“, додаде Алегри.

- Оглас -

Најнови вести