0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Алегри: Интер и Наполи се посилни од Милан

Милан два пати одигра нерешено во последните четири кола и го загуби лидерското место во Серија А. Росонерите сега имаат четири бодови помалку од градскиот ривал Интер, а се со еден бод повеќе од третопласираниот Наполи. Во борба за висок пласман се и Јувентус и Рома кои имаат по 36 бодови.

По неочекуваното реми против Калјари на „Сан Сиро“, тренерот на Росонерите Масимилијано Алегри вели дека неговиот тим е послаб од тие што ги имаат Интер и Наполи.

„Не зборувам без факти. Во лигата има два тима кои очигледно се посилни од останатите. Тоа се Интер и Наполи и точка околу тоа“, рече Алегри, кој уште од почетокот на сезоната ги фаворизира Интер и Наполи како главни претенденти во трката за Скудетото.

Милан утре ќе гостува кај Фиорентина, а интересно е дека Интер ќе биде домаќин на Наполи во дербито на колото.

- Оглас -

Најнови вести