Алегри: Јас сум господин, нема да го коментирам судењето

Јуве вторпат сезонава ремизираше во Серија А, Аталанта ја спречи победничката низа на италијанскиот првак со конечните 2-2 на „Бергамо“. Макс Алегри беше разочаран што неговиот тим испушти два бода, а Роналдо го спаси Јуве во моменти кога на теренот беа со играч помалку.

Во последните секунди од судиското надополнување, Јувентус постигна и трет гол, но стрелецот Бонучи беше во недозволена позиција.

„Го изгубив трпението, но нема да го коментирам судењето. Банти водеше добар меч. Јас сум господин и нема да коментирам одредени одлуки. Со клубот имам договор дека нема да трошам време на такви работи, а мора да бидеме пример и за навивачите. Ќе зборуваме за самиот меч, кој знаевме дека ќе биде исклучително тежок. Во второто полувреме играме со фудбалер помалку. Се боревме и закрепнавме, а можевме и да ги освоиме сите три бода“, истакна Алегри.

Јувентус засега има 50 бода, девет повеќе во однос на второпласираниот Наполи. тимот на Карло Анчелоти допрва треба да одигра меч, а ги очекува тешко гостување кај Интер на „Џузепе Меаца“.

- Оглас -

Најнови вести