Алегри: Јуветнтус дефинитивно е надвор од трката за Скудетото

Јувентус вчеравечер со 1:0 славеше на гостувањето против Фиорентина во првиот полуфинален меч од Копа Италија.

Тренерот на овој тим, Масимилијано Алегри, ги пофали своите играчи, но се осврна и на трката за титулата во Серија А.

„Одигравме навистина добар натпревар, иако Фиорентина не заслужи да изгуби. Не напаѓаа одлично, но ние се одбранивме и успеавме да не примиме гол.

Јувентус дефинитивно е надвор од трката за Скудетото бидејќи според моите проценки, првакот на крај ќе има меѓу 84 и 85 бодови, а ние за да стигнеме до таа бројка, треба да ги победиме сите натпревари до крај, а тоа е невозможно.

За титулата прашајте ги Милан и Наполи, а не мене“, изјави Алегри.

Јувентус во моментов има седум бода помалку од Наполи и Милан на 11 кола до крајот во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести