Алегри: Мора да ја прифатиме реалноста, Јувентус сега не е подобар тим од Верона

Масимилијано Алегри кој со Јувентус освои многу титули во Серија А, сезонава е немоќен да ја врати Старата дама на шампионски патеки. По само 11 кола, Јувентус има само 15 бодови и е на средината на табелата. Најтрофејниот италијански клуб денеска загуби на гости кај Верона, која со трите освоени бода се најде пред Јувентус на табелата.

„Џабе да зборуваме, треба да работиме многу напорно. Имаме само 15 освоени бодови и тоа е лоша ситуација за нас. Мораме да превземеме одговорност поради ова, но тоа е реалноста ние сме тим за средината на табелата. Мораме да ја прифатиме реалноста, а тоа е дека Јувентус во моментов не е подобар тим од Верона“, рече Алегри.

Јувентус ја има најслабата одбрана во последните 60 години, а ако продолжи во тој ритам, Старата дама на крајот од сезоната може да заврши и во долниот дел од табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести