Јувентус вака очајна одбрана немал во последните 60 години

Кризата во Јувентус продолжува, откако најтрофејниот италијански клуб загуби на гости кај Верона со 2:1. Во последните три кола, Јувентус освои само еден бод и по 11 кола гигантот од Торино има само 15 бодови.

Доколку Наполи или Милан утре победат, Јувентус ќе заостанува дури 16 бода зад лидерот во Серија А. Верона уште во првите 15 минути даде два гола и ја најави победата над Јувентус.

Во досегашните 11 кола, Јувентус прими дури 15 голови, а статистиката вели дека тоа е најлошата нивна одбрана во последните 60 години. Последен пат кога Старата дама примила 15 погодоци во почетните 11 кола било во далечната 1961/62. Таа сезона, Јувентус на крајот завршил на 12 место во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести