Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, пред градското Дерби дела моле против Торино, изјави дека не може да гарантира дека и следната сезона ќе седи на клупата на Старата дама.
„Сега мораме да мислиме на нашите цели кои се над се. Мислам дека со пласманот во Лигата на шампионите во игра се 100 милиони евра, па сега тоа е главната цел и сите се вклучени во реализирање на истата. Што се однесува до иднината, како и секогаш, клубот ќе одлучи шт е најдобро. Сега најдобро е да бидеме заедно и да играме за оваа цел“, изјави Алегри.
Алегри се наоѓа на удар на јавноста и навивачите на Старата дама поради неатрактивната игра која ја практикува и тие сакаат нов тренер да ја води екипата следната сезона.
Како главен фаворит се споменува Тијаго Мота кој ја води Болоња кој Лигата на шампионите.