Чаби Алонсо ќе биде новиот менаџер на Челзи?

Чаби Алонсо ќе се врати на тренерската работа во текот на летото. Тој е главен кандидат за нов менаџер на Челзи, со кој веќе започнал преговори.


Откако поради Реал Мадрид изгуби една година од својата кариера, бидејќи доби отказ во јануари, Алонсо одлучи да направи подолга пауза и го најави своето враќање налето.


Многу клубови беа поврзувани со него, но се чини дека сè води кон еден клуб, а тоа е Челзи. Шпанецот би можел да стане новиот менаџер на лондонскиот тим.


Досега на „Стемфорд“ сменети беа Енцо Мареска и Лијам Розениор, а улогата на привремен тренер ја презеде Калум Мекферлејн.


Веќе постојат разговори меѓу раководството на клубот од „Стемфорд бриџ“ и потенцијалните кандидати за тренерската позиција. Чаби Алонсо е главен фаворит и доколку се совпаднат сите услови, 44-годишниот Шпанец ќе ја преземе клупата на Челзи.


Се наведува дека Алонсо започнал преговори и поставил само еден услов, поголема контрола врз одлуките во спортскиот сектор, особено при доведување на играчи.


Се верува дека Челзи би можел без проблем да го прифати овој услов. Алонсо така, најверојатно, ќе го преземе тимот и ќе се обиде да го врати во самиот врв на англискиот фудбал.


Оваа сезона е речиси изгубена, Челзи моментно е деветти, но сè уште има шанси да обезбеди пласман во Лига Европа и ќе се обиде да ја искористи таа можност до крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести