Алегри не го сака Рабио, би го трампал во Реал за играч кој сезонава не одигра ниту секунда

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, размислува во својот тим во јануари да го донесе фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себалјос, а според „Калчомеркато“, Алегри не бил задоволен од Адриен Рабио и сака да му го даде на Кралскиот клуб во замена за Себалјос.

Французинот не е баш во добра форма, а често игра затоа што Алегри е ограничен во изборот на играчи во средниот ред и затоа е принуден да го користи. Од друга страна, Себалјос сезонава нема одиграно ниту една секунда затоа што уште закрепнува од повредата која ја здоби на Олимписките игри во Токио. Во претходните две сезони тој играше како позајмен во Арсенал. Дури и кога ќе биде здрав, ќе има проблем да се наметне за да добие поголема минутажа бидејќи конкуренцијата во средниот ред на Реал е силна (Касемиро, Модриќ, Крос, Камавинга, Валверде, Иско).

- Оглас -

Најнови вести