9.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Фокусот на Милан не е титулата: Поважно е да гледаме зад нас отколку да го гледаме Интер

Милан без многу мака победи со 3:0 на гости кај Болоња и се зацврсти на второто место на табелата. Росонерите имаат 50 бода од 23 кола и само Интер е пред нив со пет бода повеќе.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е задоволен од тоа како игра неговиот тим во досегашниот дел од сезоната. Стратегот уште еднаш потенцираше дека главниот фокус на Милан нема да биде да го бркаат првото место на табелата, туку да бидат меѓу најдобрите четири, затоа што приоритет е тимот во следната сезона да игра во Лигата на шампионите.

„Имавме опасен ривал, но нашата екипа одигра сигурно како во одбраната така и во нападот. Убаво е кога во оваа фаза од првенството сме стигнале до 50 бода, a нашата главна цел е да останеме меѓу најдобрите четири екипи на табелата. Интер? Подобро е да гледаме зад нас отколку напред затоа што првенството е долго и имаме уште многу бодови за освојување ако сакаме да бидеме на позиција која носи пласман во Лигата на шампионите“, рече Алегри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести