Алегри: Сакам Јувентус да победува, не мора да игра убаво

По ремито од 1-1 на гостувањето кај Вилјареал, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, рече дека најважно му е тимот да победува, а не е толку важно дали ќе игра убаво за око.

„Направивме голема грешка во одбраната кога го примивме голот. Точно знаевме што ќе направи противникот во таа ситуација, а сепак му дозволивме да ни даде гол. Грешевме и во нападот, влегувавме во офсајд при добри контранапади, но генерално задоволен сум од играта. Ова е осминафинале во ЛШ, се знаеше дека нема да треба само да се појавиме на терен и да победиме со 3-0. Сакавме да играме убаво. Тоа е работа на вкус, но јас преферирам Јувентус да победува и да не игра толку убаво„, изјави Алегри.

Јувентус сега на реваншот мора да победи, резултат 0-0 нема да го однесе во четвртфиналето затоа што дале гол на гости на првиот меч.

„Откако го укинаа правилото за гол во гости, сега пред нас е практично финале. Мора да победиме, нема друга опција“, вели Алегри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести