Атлетико Мадрид е сериозно заинтересиран за српскиот лев бек Александар Коларов, тврди шпанскиот „Ел гол дигитал“. Според тврдењата на шпанскиот медиум, „јорганџиите“ се принудени да најдат решение за позицијата лев бек бидејќи најверојатно ќе останат без Филипе Луис и Лукас Ернандес.
Шпанскиот Французин Лукас најверојатно се сели во Баерн Минхен, а Бразилецот Луис е најблиску до трансфер во Бетис. Ако овие двајца фудбалери си заминат уште во јануари, Атлетико ќе има проблем, па во Коларов гледаат едно решение, а иако има 33 години, физички е добро подготвен.
Има опција и Атлетико да направи трампа со Рома. Во Рим би заминал Томас Парти, кој не е задоволен во Атлетико. Коларов игра за Рома од 2017 година, а договорот со „волчицата“ му истекува летото 2020.