Локомотива Загреб официјално потврди дека нивен нов член е Македонецот Александар Трајковски.
Вториот стрелец во историјата на македонската репрезентација по две години поминати во сплитскиот Хајдук (10 гола на 32 меча), се сели во Загреб. Трајковски има искуство од играње во Хрватска, во 2010/2011 беше во Интер Запрешиќ, а во дресот на Хајдук посебно се истакна во дуелот токму против Локомотива во последното коло од сезоната 2023/2024, кога постигна хет-трик.

