„Алијанц“ и Јувентус ја продолжија соработката до 2030 година, договорот тежи 103 милиони евра

„Алијанц“ и Јувентус ја продолжија соработката и глобалниот бренд сега ќе го има своето лого на дресовите на Старата дама, а договорот тежок 103 милиони евра ќе важи до 2030 година.

Стадионот на Јуве веќе го носи името на „Алијанц“, глобален бренд што сега склучи договор до јуни 2030 година, што значи дека арената на која играат италијанските шампиони нема да го менува името и во следните 10 години.

Веќе утре на дуелот со Милан играчите на Јувентус на дресовите за загревање и на тренерките ќе имаат лого со името на „Алијанц“, една од најпознатите светски компании за финансиски менаџмент и осигурување.

„Среќни сме што ја продолжуваме соработката со ‘Алијанц’, еден од најактивните брендови во спортската индустрија“, изјави Џорџо Ричи, еден од главните луѓе во секторот финансии и маркетинг кај Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести