На Алиоски денеска ќе му биде извршена операција

Македонскиот фудбалер, Езџан Алиоски, кој вчера на дуелот на Лидс со Брентфорд се здоби со повреда на мускулот на ногата (скинат менискус), денеска ќе му биде извршена операција и за него сезоната во англискиот Шампионат е завршена.

Алиоски, кој може да игра на сите позиции на левата страна од теренот, нема да може да игра во следните шест до осум недели, што значи дека речиси сигурно нема да му биде ставен на располагање на селекторот Игор Ангеловски за дуелите со Полска и Австрија во јуни.

Сезонава 27-годишниот Алиоски настапи на 47 меча во сите натпреварувања и даде седум гола. Во Лидс дојде во 2017 година и според зборовите на директорот Виктор Орта, сите во клубот се тажни и разочарани што популарниот Џани веќе нема да игра сезонава бидејќи е квалитетен играч, пример за помладите и омилен кај навивачите.

- Оглас -

Најнови вести